Битка за лиценци – кој ќе ги одобрува идните стоматолози?

Комората очекува извинување од министерот алиу ако се утврди дека немало пропусти

18

Комората на стоматолози со контра аргументи по одлуката на министерот Азир Алиу – здравство да ги презема надлежностите за издавање на лиценци бидејќи  надзорот  детектирал сериозни пропусти како едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците. Мерката според министерот ќе биде во сила сè додека „не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионално“.Од Комората велат дека од неколкуте спроведени контроли не биле констатирани неправилности.

– Бидејќи јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита, се многу широк поим и за поголемиот дел од страна на комисијата формирана од министерот за здравство воопшто нема ни вршено надзор, ниту пак која било комисија или кој било министер се имаат произнесено на кој било начин, Комората не може да знае зошто и во кој обем е т.н. времено одземање до исправање на неправилностите, односно да ги цитираме неговите зборови „до стишување на работите во Комората” – изјави претседателот на Комората на стоматолози Марјан Денковски.

Од Комората велат дека изминатиот период нивната работата ја чешлале повеќе надлежни инспекции :министерствотот за здравство, ДСЗИ, Управата за јавни приходи и согласно записниците од направениот надзор не биле утврдни неправилности, ниту во делот на јавните овластувања кои им се доделени со законот, појаснуваат од Комората.

Денковски ги демантираше наводите дека на Комората и биле дадени насоки од министер, а дека таа не постапила.

-Информираме дека нема вистина во тоа и не е точно дека Комората не постапила – ги отфрлаат обвинувањата од министерот Алиу дека надзорот, како и документите покажале сериозни пропусти, а тоа биле договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот

Од Комората велат дека веќе во текот на април постапила согласно насоките на министерот за здравство по сите точки кои биле наведени на пресот, за што, како што беше подвлечено, имале и документи и писмени докази.

-На крајот времето ќе покаже каде е вистината. Сите ние во Комората сме спремни на сите последици доколку имаме згрешено, но исто така доколку се потврди дека Комората нема финасиски или други криминали, сосема реално е да бараме и очекуваме јавно извинување до целокупната македонска јавност и целокупното членство на Комората, затоа што Комората постои и се состои од нејзините членови, докторите на стоматологија – беше потенцирано на прес-конференцијата.

Чекорот со одземање на надлежностите за лиценцирање од Стоматолошката комора Алиу ја нарече почеток на реформа која треба да ја врати довербата, која треба да обезбеди интегритет и која ќе гарантира дека секој стоматолог ја продолжува лиценцата со знаење и со вештини усогласени со најновите светски стандарди. Министерот соопшти и дека има индиции за финансиски злоупотреби.

„Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација, за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог“,рече Алиу.

Одлука на министертвотја подржаа  од стоматолошките факултети во Скопје и во Тетово, од Македонското стоматолошко друштво, од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи.

 

 

ИЗДВОЕНИ