Билјана Ивановска објави градоначалничка кандидатура: Во општина Центар ќе внесам стандард 3 – 30 – 300

759

Ќе се борам во општина Центар да внесам нови стнадарди и вредности и посебно стандардот 3 – 30 – 300, изјави денеска Билјана Ивановска, која ја објави своја кандидатура за градоначалник на скопската општина Центар на претстојните локални избори. Таа ќе настапи како кандидат на три граѓански организации кои како нова платформа Независни заедно се во процес на собирање на илјада потписи на граѓани за да се формираат како политичка партија.

-Стандардот 3 – 30 – 300 значи дека секој граѓанин кога ќе стане од својот прозорец да може да види три дрвја, по секој жител да има 30 метри квадратни зеленило и на 300 метри да има парк. Ние сега сме далеку од тоа но барем некако да се доближиме – рече Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција.

Таа рече дека ќе има три приоритети за општина Центар.

-Мојата кампања ќе се базира на три столба. Првиот стол е одговорност, отчетност и транспарентност бидејќи општината има припаѓа на сите граѓани. Секој граѓанин треба да знае какви политики се креираат. Вторито столб е инкузивност бидејќи секој граѓанин е важен, како и негова индивидуалност и креативност. Третиот стол е заедништво и солидарност бидејќи веруваме во управување со вредности а не управување со профит – потенцира Ивановска.

Граѓанската платформа Независни заедно, како што најави Јане Белчева, од Шанса за центар, ќе има и свој кандидат за градоначалник на Скопје. Неговото име ќе биде соопштено наскоро. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ