Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група – над 62/64 години, дека нивната заверка за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи од вчера.
– Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од старосна група – над 62/64 години, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани – предупредуваат од ЈСП.












