Билетите за Фајналфорот во Атина, кој беше пуштен во продажба, се распродадени за пет минути. Евролигата открива дека бројот на регистрирани корисници на порталот за продажба на билети достигна 400.000, додека минатата година беше 50.000, што јасно покажува колку интерес има кај навивачите оваа година.
Првата фаза од продажбата на билети е веќе отворена, а билетите беа распродадени за пет минути.
Phase 1 Tickets for the 2026 EuroLeague Final Four Athens Sell Out in less than 5 minutes 🎟️ 🇬🇷 pic.twitter.com/NNYcs0Pv05
— EuroLeague (@EuroLeague) February 11, 2026
Втората фаза од продажбата на билети ќе биде на 26 февруари во 10 часот наутро, а третата на 17 март во исто време. Четвртата и последна фаза од продажбата ќе започне на 20 април.
Фајналфорот на Евролигата ќе се одржи во Атина од 22 до 24 мај. Полуфиналето ќе се игра во петок, 22 мај, додека финалето ќе биде во недела, 24 мај.











