Премиерот Мицкоски и британскиот премиер Стармер денеска во Тирана потпишаа Договор за стратешко партнерство.
Двајцата премиери имаа билатерална средба на која како што информираат од Владата, постигнале согласност за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Со ова ќе се подобри не само искуството, туку и ќе се сподели искуството на Обединетото Кралство во тој дел од Европа. Сметам дека Балканот е навистина инспиративно место, и Ви посакувам топло добредојде во Вашата многу посилна улога во тој дел од Европа, кажа Мицкоски.
Од Владата истакнуваат дека договорот со Велика Британија претставува „стратешко позиционирање на Македонија во делот на интересите на една од најмоќните светски политички и економски сили и ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји“.
Од него Македонија очекува засилена економска и политичка соработка со Велика Британија, велат од Владата.