Еден од осомничените за грабежот на златарница во Калесија во БиХ, е пронајден мртов во населбата Гојчин, потврди порталот Istraga.ba.
Се претпоставува дека тој се здобил со повреди при размена на оган со полицијата, по што неговите соучесници го фрлиле од возилото за време на бегството.
Автомобилот со кој избегале разбојниците е исто така пронајден недалеку од местото на настанот, а бил целосно изгорен.
Инаку, вооружениот грабеж се случил утрово околу осум часот, а Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон веднаш објави дека за време на инцидентот било употребено огнено оружје.












