Ракометната репрезентација на Исланд одигра спектакуларен натпревар и убедливо го победи кодомаќинот на Европското првенство во ракомет, селекцијата на Шведска, со 35:27. Со оваа победа, „рибарите“ сечекор поблиску до полуфиналето на турнирот, но многу поинтересно беше тоа што херој на вечерта беше Виго Кристијансон, кој имаше перфектен учинок. Во првото полувреме, тој ги реализираше сите седум обиди (7/7), а тоа го повтори и во вториот дел со уште четири погодоци без промашување. Натпреварот го заврши со неверојатни 11 гола од исто толку шута, статистика што ретко се гледа на вакво ниво.

Кристијансон има исклучително необична спортска приказна. Пред да стане ракометна ѕвезда, тој бил младински репрезентативец на Исланд во фудбал. Во 2013 година настапувал со Бреидаблик во квалификациите за Лига Европа, а ракометот, како примарен спорт, го избрал дури на 20-годишна возраст. Неговиот пат во овој спорт воопшто не бил лесен, поминал и низ испаѓање во понизок ранг со данскиот Рандерс, но со трпение и со посветеност успеал да се издигне до самиот врв. Потоа бил дел од австрискиот Вест Виен, пред во 2019 да се пресели во Бундес лигата.

ИЗДВОЕНИ