среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Бил Гејтс: Беше глупаво што се дружев со Епштајн, жалам за тоа

Бил Гејтс: Беше глупаво што се дружев со Епштајн, жалам за тоа

155
EPA/Stefan Jerrevang SWEDEN OUT

Американскиот милијардер Бил Гејтс денес изјави дека е „глупаво“ што поминувал време со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, дека жали што воопшто го познавал и го отфрли како „лажен“ имејлот од неодамна објавените документи, додавајќи дека го познавал само во контекст на хуманитарна работа, без да се сретне со жртвите на Епштајн.

„Се чини дека Џефри си го напишал имејлот сам на себе. Тој е-мејл никогаш не бил испратен, е-мејлот бил лажен. Затоа не знам што мислел во тој момент“, рече Гејтс во интервју за австралиската телевизиска станица „9 News“, додавајќи дека секоја минута помината со него била грешка.

Гејтс нагласи дека е вистина дека присуствувал само на вечери, дека никогаш не бил на островот на Епштајн и дека не ги запознал жените вклучени во скандалот.

ИЗДВОЕНИ