Бијела се забеле: Снег на црногорското приморје – ова ретко се гледа!

55

Бијела, населба во Бококоторскиот Залив, во Општина Херцег Нови денеска побеле, а несекојдневната глетка што еден граѓанин ја забележа со својот мобилен телефон од автомобил ја објавија медиумите. Снег на црногорското приморје е редок феномен.

Мештаните и возачите се предупредени да внимаваат, бидејќи коловозот може да биде лизгав, додека белата покривка им дава несекојдневен изглед на градот и на околните улици. Како што јавуваат медиумите, снегот предизвикал одушевување кај граѓаните.

Руската зима што ја најавуваа метеоролозите изгледа дека пристигнува на Балканот. Дел од Хрватска од вчера е завеан во снег, некои патишта се тешко проодни, а во другите делови врне дожд.

ИЗДВОЕНИ