вторник, јули 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бидете внимателни: Се очекува ново невреме во Македонија и драстичен пад на...

Бидете внимателни: Се очекува ново невреме во Македонија и драстичен пад на температурите од ноќва

95

Поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север, вечерва, како и во текот на ноќта кон среда и во среда 22 јули во утринските и раните претпладневни часови во Македонија на повеќе места ќе дојде до развој на конвективни облачни грмотевични јадра и формирање на фронтални влажни и нестабилни воздушни бранови.

Во ваква ситуација, во погоре споменатиот период времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, на повеќе места со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Атмосферските процеси на повеќето места во Македонија ќе бидат значително поинтензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер ( со брзина од 50 до над 60 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Поради ваквата ситуација, Попоски апелира граѓаните да бидат крајно внимателни и тоа особено при појава на силни електрични празнења и на силен ветер.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде многу нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од регионот и од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (со брзина од 50 до над 60 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Вечерва и во текот на ноќта кон среда 22 јули ќе започне почеток на заладување и на пад на температурите во Македонија кој најпрвин и поизразено ќе се осети во северните предели од Македонија, вели Попоски.

ИЗДВОЕНИ