На 28-ми август во Крива Паланка, а потоа во Велес на 1-ви ноември!

Балканската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и самата јавно кажува дека од сите простори на поранешната Југославија, најдобро се чувствува кога пее во Македонија. – Таквата скоро иста публика со ист темперамент ја имам само на концертите во Србија, вели Цеца, вдовицата на Аркан. Таа со тоа ги најавува своите скорешни концерти во Крива Паланка и во Велес.

На прославата на Денот на Крива Паланка, српската мегаѕвезда ќе пее на 29-ти август од 21.00 часот на Градскиот Плоштад. – Градот ќе блесне во полн сјај, а сите патишта ќе водат кон Крива Паланка. Така беше и минатата година кога пееше Здравко Чолиќ. Дводневна манифестација Кривопаланчани ја посветуваат на Пресвета Богородица – заштитничка на градот. Посетителите ги очекуваат незаборавни музички ноќи исполнети со емоции, песна, радост, силни разнобојни светла, славенички ритам и многу искрена љубов, грижно соопштуваат љубезните луѓе од Општината Крива Паланка.  Наредниот македонски настап Цеца ќе го има таму наесен. На 1-ви ноември во Велес, во Спортската сала “Гемиџии“. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а најскапите се 3.000 денари. Ќе има и ВИП-пакети со конопои, пијачки и со многу повисоки цени.
Се на се, ова ќе биде 34-то гостување на Ражнатовиќ во Македонија. Таа за првпат кај нас настапила во далечната 1989 година, во ресторанот “Славе“ во Куманово. Тогаш имала само 16 години и го пееше својот прв хит “Цветак зановетак“.

Нема поголем град во Македонија во кој не одржала концерт српската ѕвезда. Пеела и во Дојран, Штип, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Струга, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Македонска Каменица….. па, дури и на стадион во Турново. Само во Скопје пеела дури осум пати! И од секој концерт заработила огромни суми пари. Карактеристично за нејзините настапи кај нас е тоа дека скоро секогаш го развејува македонското државно знаме на самата сцена. (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ