„Бидете горди на тоа што сте“, се огласи Трамп по терористичкиот напад во Сиднеј: „Евреите во САД да не се плашат“

160
EPA/GAVRIIL GRIGOROV

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди вчерашниот напад врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј.

Тој го опиша нападот како „чист антисемитски напад“, додавајќи дека Евреите во САД не треба да се плашат да ја прослават Ханука.

– Тоа беше јасно антисемитски напад, рече Трамп за време на божиќната прослава во Белата куќа.

Во исто време, американскиот претседател нагласи дека Евреите во САД кои ја слават Ханука не треба да се грижат за својата безбедност.

– Славете гордо. Бидете горди на тоа кои сте, нагласи Трамп во изјава за Фокс њуз.

Најмалку 16 лица беа убиени, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собраа да го прослават празникот Ханука на плажата Бонди во Сиднеј вчера, според најновите податоци, додека десетици лица беа повредени, објавија претходно австралиските медиуми.

ИЗДВОЕНИ