Би-Би-Си: Пронајденото парче накит од Лувр, е наводно круна која и припаѓала на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон

277
EPA/Mohammed Badra

Француската министерка за култура Рашида Дати претходно изјави дека во близина на местото на грабежот е пронајден накит украден од Лувр, а француските медиуми објавија за каков накит станува збор, пишува Би-Би-Си.

Според Би-Би-Си, пронајдениот предмет е круна од 19 век што ѝ припаѓала на царицата Евгенија, но била пронајдена скршена. Евгенија била сопруга на Наполеон III, кој владеел со Франција во тоа време.

Според веб-страницата на Лувр, круната е украсена со златни орли и покриена со 1.354 дијаманти и 56 смарагди.

Галеријата Аполо на музејот Лувр беше ограбена денес, а крадците, според официјалните лица, украле девет парчиња накит. Тие се во бегство, а музејот е затворен.

ИЗДВОЕНИ