Безживотно тело на студентка од Косово е пронајдено во Тетово

53

Безживотно тело на младо женско лице синоќа е најдено помеѓу зградите што се од спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, почнат е увид од страна на полицијата а на местото е Јавен обвинител. Засега нема официјални информации за тоа како настанала трагедијата, ниту дали станува збор за несреќен случај или нешто многу посериозно.

Според првичните неофицијални информации,се работи за девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала. Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините.

ИЗДВОЕНИ