Безуспешен обид на Зеленски да назначи нов министер за енергетика – не доби поддршка од парламентот

28
EPA/Chris J. Ratcliffe / POOL

Украинските пратеници во вторник го отфрлија назначувањето на досегашниот министер за одбрана Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија, пренесе „Хина“.

Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше ангажиран од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.

Последната постојана министерка за енергетика беше разрешена од функцијата минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.

За назначувањето на Шмихал беа потребни 226 гласови, 210 гласаа „за“, додека пратениците од три опозициски партии беа воздржани.

Шмихал беше номиниран за позицијата како дел од сеопфатна реконструкција на владата, во време кога Киев се соочува со зголемен руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.

ИЗДВОЕНИ