Безос аздиса, комшиите бесни: Џиновски кран блокираше цела улица за да му достави мебел во пентхаусот/ВИДЕО

115
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Жителите на луксузна зграда на Менхетен беа сведоци на необична ситуација кога еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, организираше достава на мебел до својот пентхаус со помош на кран.

Поради сложената достава, улицата пред зградата беше целосно затворена, а беше користен еден од најголемите кранови во Њујорк. Десетици работници беа ангажирани за да се осигурат дека секој детаљ од операцијата е прецизно координиран, додека полицијата го регулираше сообраќајот во областа.

„Целата улица е блокирана. Ако сакате да го видите Безос како доставува мебел, погледнете го тој кран! Неговиот стан е на горните катови, а денес добива нов мебел“, рече еден од станарите кој го снимил настанот со камера.

За разлика од класичните преселби кои вклучуваат комбе и неколку пријатели кои помагаат, преселбата на Безос беше вистински потфат.

– Кога преместувам мебел, изнајмувам мал кран. Безос, од друга страна, користи вистинско чудовиште и цел тим кој организира сè – додаде друг жител, не криејќи доза на иронија.

Оваа необична сцена го привлече вниманието и на минувачите, кои застанаа да го фотографираат спектаклот пред зградата.

ИЗДВОЕНИ