недела, февруари 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

118

Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.

Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.

На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.

ИЗДВОЕНИ