Државниот инспекторат на Реплублика Хрватска ги информираше потрошувачите за повлекувањето на безглутенското брашно Dr. Schär, Mix It Dunkel Rustico 1000 грама.
Повлекувањето се однесува на ЛОТ:
141025C|141025D|151025A|151025B|151025C|151025D|111125B|111125C|071225B|071225C|081225D|091225A|210126D|220126A|220126B|130226C|130226D|140226A, најдобро да се користи до: 14.10.2025 до 14.2.2026.
Причината за повлекувањето е зголемената количина на тропански алкалоиди во производот.Тропанските алкалоиди можат да бидат штетни во поголеми количини бидејќи имаат ефект врз нервниот систем и можат да предизвикаат разни симптоми како што се забрзан пулс, суви очи, треска, халуцинации…
DIRH наведува дека горенаведениот производ не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕУ) 2023/915 од 25 април 2023 година за максимални нивоа на одредени загадувачи во храната и со која се укинува Регулативата (ЕЗ) бр. 1881/2006 и нејзините измени.
Податоци за производот
Производител: DR SCHÄR AG / SPA, Winkelau 9, Burgstall (BZ) 39014, Италија
Добавувач: Salvia d.o.o., Slavonska avenija 26/4, Загреб, Хрватска.