Безбедноста не е привилегија, таа е темел на секое здраво општество

Ден на македонската полиција

19

Честитки до сите полициски службеници почит и кон сите припадници на МВР кои го загубиле својот живот во рамките на службата упати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција кој се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Овој ден е посветен за признавање на работата и посветеноста на полицајците во Македонија. Тошковски ја истакна клучната улога па полицајците во обезбедувањето на јавната безбедност и ја потенцираше сложеноста на современиот безбедносен контекст и предизвиците со кои се соочува полицијата. Се осврна и на резултатите од работата на полицијата во изминатиот период, нагласувајќи дека е постигнато значително намалување на криминалитетот.

– Покажавме дека можеме – сузбивме 14 криминални групи, од кои најмногу поврзани со трговија со дрога. Откривме две организирани групи поврзани со висока корупција – рече Тошковски.

Нагласи дека МВР повеќе не е затворена институција, туку, како што рече, „работи рамо до рамо со граѓаните“.

– Безбедноста не е привилегија, таа е темел на секое здраво општество. Без неа нема ниту економија, ниту правда, ниту развој, нагласи министерот, додавајќи дека македонската полиција ќе продолжи да се менува, расте и подобрува, останувајќи симбол на редот и правдата – истакна министерот за внатрешни работи.

Премиерот Мицкоски, во своето обраќање истакна дека полицијата не е само униформа и службена должност, туку човек што станува порано од сите, излегува на терен и се соочува со ризици од кои сите ние се обидуваме да се заштитиме.

– Да не заборавиме: зад секоја значка стои семејство кое чека, се моли и се надева дека нивниот најблизок ќе се врати дома“, рече Мицкоски и се наврати на времето кога институциите се користеле како алатка за лични и политички интереси, а не за правда, нагласувајќи дека „тоа време е завршено“.

ИЗДВОЕНИ