Безбедносните камери го фатија напаѓачот кој пукаше во кафуле во Штип/Вознемирувачко видео

118
screenshot

Едно лице е тешко повредено во престрелка во кафуле во центарот на Штип. Според првичните информации станува збор за турски државјанин. Неофицијално, ранетиот имал нож со себе на што друг одговорил со пиштол.

Телевизија „Стар“ објави снимка од нападот со пиштол кој вечерва ги вознемири Штипјани.

На вознемирувачката снимка се гледа како напаѓачот, кој според првичните, неофицијални информации е студент од Турција по име Бедри Полат, ладнокрвно влегува и во минување испукува неколку куршуми кон жртвата која седи во кафулето, по што мирно излегува од другата страна.

Полицијата соопшти дека повредениот е во болница.

Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, повредено е едно лице – полицијата трага по сторителот

ИЗДВОЕНИ