Салма Хајек, иако е меѓу најбогатите холивудски ѕвезди благодарение на нејзината кариера и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, еден од најбогатите луѓе во светот, отворено покажува колку го цени помирниот, порелаксиран живот.
Во својата најнова објава на Инстаграм, таа откри моменти поминати на фарма, опкружена со кокошки, крави…
Во друштво на пејачката Рита Ора, комичарката Челси Хендлер и дизајнерката Стела Мекартни, актерката уживаше во лежерно дружење далеку од гламурот на црвениот тепих.
Снимките што ги сподели прикажуваат идилична фарма со крави и овци кои слободно шетаат, создавајќи сцена исполнета со мир и едноставност.
View this post on Instagram