Поранешниот бразилски репрезентативец Фелипе Мело се потсети на своето детство и славната кариера во интервју за „Газета дело Спорт“. Тој го започна интервјуто потсетувајќи се на своето детство во Бразил.

  • На 15-годишна возраст во Бразил, се најдов лице в лице со висок, тетовиран нарко-бос. Од време на време се дружев со такви луѓе. Еден ден, човекот ме тргна настрана, ме погледна во очи и ми рече дека ако повторно ме види како се шетам на опасни места, ќе ме застрела, велејќи: „Имаш иднина во фудбалот, не сакам да те гледам тука“. Го послушав. Не знам што му се случи, мислам дека е мртов, започна играчот од средниот ред.

Покрај Интер, тој остави огромен белег и во Јувентус.

  • Имам убави спомени од Торино. Играв речиси сто натпревари за Јувентус, но бев млад и незрел. Направив десетици грешки и скапо платив за секоја од нив. Се сеќавам кога ја изгубив топката и публиката почна да ме исвиркува. Почнав да пцујам и да им велам да одат во пеколот. Кога се вратив дома, сопругата ме караше. Бев како дете, се расправав со сите, возвраќав, бев нервозен. Дури се расправав и со Џорџо Кјелини, што е добро познато. Сега се помиривме, открива Мело.

И покрај сè, Интер има посебно место во неговото срце.

  • Интер е во моето срце. Дома, сè уште имам врамена насловна страница на Газета по голот против Верона кога отидов да ја бакнам сопругата. Беше во 2015 година, а насловот беше „бегство до бакнеж“. Кога Роберто Манчини ме повика да дојдам, не се двоумев ниту секунда. Жалам што не останав подолго, порача Мело.

ИЗДВОЕНИ