недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бесплатно вклучување во системот за наводнување

Бесплатно вклучување во системот за наводнување

50

Јавното претпријатие „Стрежево“ почна акција за бесплатно вклучување во мрежата за наводнување од системот на претпријатието. Со акцијата, која ќе се одвива до 7 јули, на идните водокорисници им е овозможена заштеда од 2.977 денари која претпријатието нема да ја наплаќа за приклучок.

Од ЈП „Стрежево“ информираат дека истоимената акумулација е подготвена за претстојната летна сезона и заклучно со 31 мај, за земјоделците, но и компаниите што користат вода од претпријатието, обезбедени се преку 70 милиони кубни метри вода. За ефикасно водоснабдување се очекува и на традиционалната соработка со земјоделците, за што од претпријатието потсетуваат за рационално и планско користење на водата за наводнување во претстојниот период. 

 

ИЗДВОЕНИ