понеделник, февруари 23, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатно паркирање на паркинзите на ЈП ПОЦ    

Бесплатно паркирање на паркинзите на ЈП ПОЦ    

557

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ги известува граѓаните дека во текот на божиќните празници, во вторник и в среда, сите паркиралишта со кои стопанисува тоа ќе бидат без наплата за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавањето договори во дирекцијата ќе продолжат в четврток, со вообичаеното работно време.

Депото на Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 во текот на празниците, како и затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што ќе се одвива наплатата согласно со редовниот режим.

 

ИЗДВОЕНИ