Бесплатно летување за најуспешните спортисти

73

И оваа година, Општина Кисела Вода ќе ги награди младите спортски таленти со бесплатно летување како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот.

Победниците во Лигата на училиштен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот центар во Охрид.

Се работи за прваците за учебна 2024/2025 во: ракомет – жени (ООУ ,,Кузман Шапкарев”);ракомет – мажи (ООУ „Кирил Пејчиновиќ”); кошарка (ООУ ,,Кузман Ј. Питу”); одбојка (ООУ „Партенија Зографски”) и фудбал (ООУ „Кирил Пејчиновиќ”).

Од Општина Кисела Вода нагласуваат дека спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух.

-Со обезбедување бесплатно летување не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата – наведуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ