Бесплатни униформи за сите основци и ранци со училиштен прибор за првачињата

219

Во септември, сите основци од центарските училишта, приближно 4.700 од прво до деветто одделение, ќе ја почнат училишната година со бесплатни униформи, кои првпат се воведуваат, додека сите првачиња ќе добијат и ранчиња со училиштен прибор.

– Со овој чекор ги подобруваме условите во училиштата и вложуваме во поквалитетно образование. Покрај воведувањето униформи, но и бесплатни ранчиња со училиштен прибор за првачињата, исто така ги подобруваме условите и преку реконструкција на училиштата. Во тек е реновирање на трите општински основни училишта „11 Октомври“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Миладинов“ за да им овозможиме на учениците подобра настава – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

 

ИЗДВОЕНИ