Асоцијацијата за електронска трговија (АЕТСМ) годинава ќе поддржи 10 компании што ќе имаат можност целосно бесплатно да ја добијат верификацијата. Сите избрани е-трговци ќе добијат и бесплатен Беџ за верификуван е-трговец, кој ќе можат да го постават на своите веб-страници како јасна ознака за доверба и сигурност. Со тоа, тие ќе се приклучат на заедницата од над 80 е-продавници во земјата кои веќе се носители на овој симбол.

Од Асоцијацијата неодамна објавија јавен повик за бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на годинешната национална кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, која се реализира со поддршка на компанијата Виса.

Аплицирањето е едноставно и целосно онлајн. Рокот за аплицирање е до 10 октомври 2025 година, до полноќ.

Беџот за верификуван е-трговец е видлива ознака на доверба што јасно покажува дека станува збор за регистриран правен субјект, продавницата е проверена од АЕТСМ според важечките регулативи и е дел од официјалниот Регистар на е-трговци.

Со оваа ознака, купувачите полесно препознаваат сигурни и проверени е-продавници, а компаниите добиваат можност да се издвојат од нелојалната конкуренција и нерегистрираните продавачи. Можат да аплицираат микро, мали или средни претпријатија, кои моментално продаваат производи и/или услуги онлајн, имаат комплетно пополнета апликација и досега не биле поддржани во претходен јавен повик на АЕТСМ.

ИЗДВОЕНИ