среда, февруари 25, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатна логопедска поддршка за децата од Аеродром       

Бесплатна логопедска поддршка за децата од Аеродром       

17

Децата со развојни тешкотии и децата со попреченост во Општина Аеродром ќе добиваат индивидуални логопедски и дефектолошки третмани. Тоа е овозможено со меморандумот за соработка што го потпишаа градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и Здружението „Мегалогомед глас“ од Скопје.

– Децата од Аеродром ќе добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција, важен чекор за правилен развој, сигурност и самодоверба. Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лицата со валидна документација, согласно со меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје – соопштија од Општина Аеродром.

Воедно, ќе биде обезбедена и поддршка за родителите преку советување и насоки, со цел секое семејство полесно да стигне до потребната стручна помош без дополнително финансиско оптоварување.

ИЗДВОЕНИ