вторник, февруари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бесплатен превоз за земјоделци на саем во Солун

Бесплатен превоз за земјоделци на саем во Солун

21

Општина Росоман организира бесплатен превоз за земјоделците на саем во Солун во март. Станува збор за еден од најголемите вакви саеми во регионот.

Градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски, истакна дека станува збор за познат саем за земјоделство и сточарство, на кој може да се видат напредни технологии, вештачка интелигенција во сточарството, разни видови алатки и опрема.

– Росоман е најголем регион за производство на праски во државата. Се произведува и грозје, градинарски и други земјоделски производи. Со оваа посета, целта ни е нашите земјоделци да согледаат како напреднале техниката и технологијата и како модернизацијата споена со традицијата може да доведе до поквалитетно земјоделско и сточарско производство. Човекот учи додека е жив и затоа веруваме дека тоа што ќе се спознае на саемот, ќе биде од корист во иднина – посочи Крстевски.

Заинтересираните земјоделци ќе може да го посетат саемот на 14 март.

Се очекува преку оваа организација на локалната самоуправа саемот во Солун да го посетат педесетина земјоделци од општина Росоман.

Крстевски најави ваква посета и на други саеми

 

ИЗДВОЕНИ