Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
На 8 и 9 јануари ( утре и в петок ) бесплатно ќе може да се оди до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да се ужива во убавините на планината.
-Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е во 13:00 часот – информираат од Општина Битола.












