Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваа зима за време на
зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди
бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
– На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски
центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините
на планината. Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај
Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во
8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е во 13:00 часот 0 информираат од општина Битола.












