петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатен престој и инклузија на дечињата Роми во клоновите на градинката „25...

Бесплатен престој и инклузија на дечињата Роми во клоновите на градинката „25 Мај“

105

Општина Гази Баба продолжува со силни политики за еднакви можности за сите деца.  Градоначалникот, Бобан Стефковски, информираше дека денеска бил потпишан важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој се обезбедува целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование.

Инклузијата се спроведува во клоновите на градинката „25 Мај“, каде што родителите се целосно ослободени од надоместок за престој на нивните деца.

– Секое дете е драгоцено. Затоа Општина Гази Баба активно работи тие дечиња од најмала возраст да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес и да ги имаат истите можности како сите други. Како локална самоуправа имаме обврска да создадеме услови во кои секое дете ќе расте, ќе се развива и ќе прерасне во самостојна, силна личност – истакна Стефковски.

 

 

ИЗДВОЕНИ