Денеска, (5 октомври, недела), со почеток од 12:00 часот, пред платото на Дом на АРМ ќе се одржи бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд – Луфтанза.
Бендот е формиран во текот на карантинот во 2020 година како плод на долго пријателство и заедничко музичко создавање. Нивниот стил се карактеризира како свеж, енергичен рокенрол со искрен, бунтовен дух и допадлив ентузијазам. Членови на бендот се Лука Јованоски, Мартин Џорлев, Иво Николовски, Раде Биковски, Виктор Стојановски и Андреј Димовски.
Концертот е во рамки на програмата на фестивалот „ЅИРНИ 7“.