петок, февруари 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бесплатен градски превоз во Тетово

Бесплатен градски превоз во Тетово

21

Бесплатниот превоз ќе се регулира преку електронска наплата и преку користење припејд картички. Потребно е да аплицираат граѓаните преку системот „Те-клик“, а картичката може да ја подигнат во просториите на ЈП „Тетово Транспорт“

 

Тетовци добија бесплатен градски превоз. Но, тој нема да важи за сите, туку само за оние што ги намириле сите обврски кон државата.

Бесплатниот превоз ќе се регулира преку електронска наплата и преку користење припејд картички.

– Услугата им е достапна на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. Оваа одлука има цел да ја награди граѓанската одговорност и да го олесни урбаното движење за различни категории граѓани. За граѓаните што ги имаат намирено сите обврски кон Општина Тетово, јавниот превоз ќе биде бесплатен, а тоа се однесува и за членовите од нивните семејството што живеат на иста адреса. Потребно е да аплицираат граѓаните преку системот „Те-клик“, а картичката може да ја подигнат во просториите на ЈП „Тетово Транспорт“ – истакна градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами.

Јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен и за учениците од основните и средните училишта, како и за членовите на институциите и здруженијата, но само оние што потпишале договор за соработка со Општината. Се воведуваат и припејд картички за превоз, кои може да се надополнуваат, а ќе може да се купи и еднократен билет за превоз.

Општина Тетово очекува да биде дел од проектот на Владата за набавка на нови автобуси, при што градоначалникот Касами се надева дека ќе бидат обезбедени пет електрични автобуси за Тетово.

 

 

ИЗДВОЕНИ