Бесир Шабани е новиот член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, компанија која е во државна сопственост и управува со воздушниот сообраќај и дава услуги во воздушната навигација. Одлуката за назначувањето ја донесе Владата на 20 мај.

М-НАВ АД Скопје располага со основна главнина од над 25 милиони евра, составена од 1.552.034 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по акција.

Вчера Обвинителството поднесе Кривична пријава против поранешен директор и в.д. раководител во М-НАВ поради сомнежи за злоупотреба и направена штета од 1,5 милиони денари.

 

ИЗДВОЕНИ