На актуелното Светско клупско првенство учествуваше и еден претставник од аматерскиот фудбал, Оукленд сити, кој ја заврши групната фаза со гол-разлика од 1:17, но и со еден освоен бод во сензационалното реми против славната Бока јуниорс.

Сепак, „десетката“ на Баерн и „шестката“ на Бенфика оставија горчлив вкус во устата на играчите на тимот од Нов Зеланд, кои бараат сегашниот тренер, Пол Поса, да поднесе оставка.

Причина не е резултатскиот дебакл, бидејќи не се очекуваше повеќе, туку неколкуте испади на 63-годишниот експерт, кој работи како стоматолог.

Имено, во текот на натпреварот, Поса ги прашал своите играчи кој е човекот што е капитен на Бенфика, а тие биле изненадени кога дознале дека тоа е Николас Отаменди, светски шампион со Аргентина и личност што остави длабока трага во светскиот фудбал додека играше за Манчестер сити.

Поса беше изненаден од одговорот, а на сè му претходеше чудна изјава од 63-годишникот, кој рече за тренерот на португалската репрезентација, Бруно Лаж, дека „треба да биде добар тренер“.

Наместо уникатно искуство од светскиот фудбалски фестивал, играчите на Оукленд беа изненадени од незнаењето за основните фудбалски вештини на својот, веројатно наскоро, поранешен тренер.

ИЗДВОЕНИ