Трамп доминира не само на разговорите во Давос, туку и во наративот на пазарите. Акциите низ целиот свет паднаа во вторникот наутро, бидејќи инвеститорите изразија загриженост за случувањата околу Гренланд.
Главните индекси од двете страни на Атлантикот нагло паднаа откако претходно во голема мера ги игнорираа заканите на Трамп дека ќе го преземе Гренланд.
Унца злато е 4.697 долари (31,1 грам), европските и американските берзански индекси паѓаат, акциите на компаниите од одбранбената индустрија растат. Во исто време, итен, претходно ненајавен состанок на советниците за национална безбедност од голем број земји кои учествуваат на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, во врска со случајот Гренланд.
Ова се првите реакции од вчера на светските берзи и економскиот форум по бранот закани за царини од американскиот лидер Доналд Трамп до групата од осум европски членки на НАТО кои се спротивставија на најавите на Вашингтон дека е подготвен да го „преземе“ Гренланд – полуавтономниот остров во рамките на Данска.
Алармот на европските лидери во неделата и повиците да му одговорат на Трамп „со иста мера“, доведоа до вонреден состанок на амбасадорите на ЕУ во неделата, по што вчера следеше објавата на Урсула фон дер Лајен за постигнатото „европско единство“.
„Секогаш ќе ги браниме нашите стратешки економски и безбедносни интереси. Ќе се соочиме со овие предизвици за нашата европска солидарност со отпорност и решителност“, изјави вчера Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Не е сигурно што се подготвени да направат Европејците во врска со Гренланд. Во секој случај, од Брисел доаѓаат најави дека лидерите на ЕУ ќе се состанат по „Давос“ за да го формулираат својот конечен одговор.












