среда, февруари 25, 2026
Дома БАЛКАН Бербатов стана спортски советник на новиот бугарски премиер, па го „дриблаше“ Ѓуров...

Бербатов стана спортски советник на новиот бугарски премиер, па го „дриблаше“ Ѓуров во неговиот кабинет/ВИДЕО

65
screenshot video

Еден од најуспешните бугарски фудбалери, Димитар Бербатов, сега е советник на премиерот Андреј Ѓуров за прашања поврзани со младите и спортот.

Бербатов ќе ги поддржува активностите на премиерот и владата во развојот и спроведувањето на политиките поврзани со спортот, активниот начин на живот и развојот на младите во земјата, пренесува БГнес.

„Со чувство на одговорност за развојот на спортот во Бугарија, ја преземам улогата на советник за прашања поврзани со младите и спортот. Ја прифаќам оваа обврска без надомест, воден единствено од желбата да придонесам со моето искуство и енергија за изградба на одржлива и долгорочна политика во оваа сфера“, рече Димитар Бербатов.

Како прв чекор во својата нова улога, Димитар Бербатов започнува голема иницијатива за дијалог со спортската заедница. Стратешко истражување ќе биде испратено до сите лиценцирани спортски федерации, чија цел е да се соберат објективни информации за состојбата на различните спортови, потребите на клубовите и предизвиците пред развојот на детскиот и младинскиот спорт. Врз основа на собраните податоци ќе биде подготвена длабинска анализа од страна на специјалисти.

„Спортот треба да биде национална стратегија. Кога премиерот се занимава со спорт, ова е категоричен знак дека државата ќе посвети насочено внимание на промоцијата на спортските активности во нашата земја“, рече Димитир Бербатов.

„Спортот гарантира не само физичко и ментално здравје – тој гради карактери, личности и силно општество“, рече премиерот Андреј Ѓуров.

ИЗДВОЕНИ