Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета. Намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според новата одлука, што стапува на сила од 22 јули 2025 година, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42% во однос на претходната одлука.
Новите максимални цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,00 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,00 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 денари/литар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 71,00 денари/литар
Мазут М-1 НС – 40,158 денари/килограм
Цената на мазутот е намалена за 0,314 денари по килограм, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство не претрпеа промени.
РКЕ појаснува дека трговците можат да ги формираат цените и под утврдените максимуми, доколку имаат простор за тоа.
Промените се резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсната разлика на денарот во однос на доларот.