Белорускиот опозициски лидер Сергеј Тихановски ослободен од затвор/видео

107
Фото:пеинтскрин/Видео Х

Белорускиот опозициски лидер Сергеј Тихановски е ослободен од затвор, објави неговата сопруга Светлана Тихановска денес на платформата „Икс“, пренесе „Хина“.

Локалниот медиум „Наша Нива“ објави дека ослободувањето е овозможено по посетата на американскиот специјален претставник Кит Келог, но не даде детали.

Суд во Белорусија го осуди Тихановски на 18 години затвор во 2021 година, откако беше уапсен додека се обидуваше да се кандидира за претседател, а негов политички противник беше сегашниот претседател Александар Лукашенко.

Тихановски сега е во литванскиот главен град, Вилнус, изјави портпаролот на неговата сопруга. „Не сме завршиле“, рече Тихановска, повикувајќи на ослободување на уште 1.150 затвореници. Вчера беа ослободени вкупно 14 затвореници.

Портпаролот на литванскиот премиер изјави дека Белорусија ослободила петмина белоруски, тројца полски, двајца латвиски, двајца јапонски, еден естонски и еден шведски државјанин.

ИЗДВОЕНИ