Белоруски политички затвореник почина во затвор: Отслужувал казна за навреда на Лукашенко

33

Белорускиот државјанин Валијанцин Стермер, кој отслужуваше казна за навреда на претседателот Александар Лукашенко, почина во затвор, соопшти денеска групата за човекови права „Вијасна“.

Стермер (61) починал во затворска колонија во градот Шклов, на истокот на Белорусија, но не се познати точниот датум и околностите на неговата смрт, објави Ројтерс.

Стермер беше претприемач кој беше осуден на пет години затвор во октомври 2023 година за навреда на претседателот Лукашенко и критикување на војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ