Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија нема намера да влезе во никаков конфликт, но дека земјата интензивно ја зајакнува својата одбранбена подготвеност со цел да избегне потенцијална војна.
„Ние не сакаме војна. Не сметаме никого за наш противник или соперник. Сепак, се подготвуваме за оваа војна за да не се случи. Ова е кажано илјада пати. И го декларираме отворено и решително“, нагласи Лукашенко, а пренесе државната новинска агенција Белта.
Тој додаде дека сите интереси на Белорусија се фокусирани во нејзините граници, без амбиции што би можеле да предизвикаат тензии во регионот.
Пораката на Лукашенко доаѓа во време на зголемени геополитички тензии во Источна Европа, додека Минск инсистира дека нејзината политика се заснова на зачувување на стабилноста и спречување на ескалација.












