Белиот шеќер не е секогаш непријател: Случаи кога може да биде подобар избор од вештачките засладувачи

25
Фото:пекселс

Во време кога производите означени како „без шеќер“ и диетите што целосно го елиминираат се популарни, лесно е да се добие впечаток дека шеќерот нема место во здравата исхрана. Сепак, вистината е – како и обично – некаде во средината. Иако претерувањето со шеќер навистина може да биде штетно, постојат ситуации во кои обичниот бел шеќер е всушност подобар и побезбеден избор од вештачките засладувачи.

За да ги разјасни дилемите, нутриционистката и диететичарка Тања Олајџија објаснува кога шеќерот не е непријател и во кои случаи е покорисен од замените, пишува Zadovoljna.hr.

Природно гориво што телото го разбира

Белиот шеќер (сахароза) се разградува на гликоза и фруктоза – извори на енергија што нашите клетки ги користат секој ден.

Во мали количини, шеќерот брзо ги зголемува нивоата на енергија, ја подобрува концентрацијата и придонесува за чувство на задоволство, особено кога телото е исцрпено, објаснува Тања.

Вештачките засладувачи се без калории, што ги прави популарен избор за оние кои се обидуваат да ослабат, а често се наоѓаат во протеински производи и додатоци во исхраната.

Во следниве четири ситуации  белиот шеќер е подобар избор:

Кога црниот дроб е преоптоварен

Црниот дроб игра клучна улога во разградувањето и неутрализирањето на вештачките засладувачи. Во случаи на исцрпеност, долготрајна употреба на лекови, инфекција или намалена функција на црниот дроб, дополнителниот напор за метаболизирање на овие супстанции може да биде товар.

Во такви случаи, мала количина обичен шеќер обезбедува брза енергија без дополнителен притисок врз процесите на детоксикација.

Во случаи на неухранетост или недоволно внесување храна

За луѓето кои се опоравуваат од рестриктивни диети, нарушувања во исхраната или долготраен замор, гликозата од обичниот шеќер може да помогне во обновувањето на енергијата и стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта.

За физички активни луѓе

Мала количина шеќер пред или за време на вежбањето може да ги подобри перформансите и да го забрза закрепнувањето, бидејќи гликозата брзо стигнува до мускулите и мозокот.

Во случај на чувствителност на адитиви

Некои луѓе забележуваат дека вештачките засладувачи ги прават да се чувствуваат подуени, предизвикуваат главоболки или чувство на непријатност. Во такви случаи, малку вистински шеќер во нивното кафе може да биде поедноставно и попријатно решение.

За психолошка рамнотежа

Опсесивното избегнување на шеќер често води до напнатост, чувство на вина и повремени епизоди на прејадување. Дозволувањето мали количини шеќер значи враќање на здрав однос со храната и со себе.

Клучот за здравјето лежи во умереноста и разновидноста. Ако остатокот од исхраната е избалансиран – доволно протеини, зеленчук, овошје, здрави масти и интегрални житарки – неколку грама шеќер нема да ја нарушат рамнотежата, нагласува Тања.

Важно е исхраната да се базира на храна богата со макро и микронутриенти, но подеднакво е важно да се одржува здрав однос со храната, без чувство на вина и забрани.

Само она што е навистина штетно за здравјето на една личност треба да биде забрането, додека сè друго е дел од нормална, стабилна рамнотежа.
На снимката се гледаат и осомничените како се предаваат и се извлекуваат од водата.

 

 

ИЗДВОЕНИ