Белгискиот премиер Барт де Вевер денес изјави дека Европа не може да биде мизерен роб на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се заканува дека ќе го преземе Гренланд.
Провокациите на Трамп во врска со Гренланд преминаа премногу црвени линии во Европа. Едно е да се биде среќен вазал, а сосема друго е да се биде мизерен роб. Ако попуштите сега, ќе го изгубите вашето достоинство, рече Де Вевер во Давос, за време на Светскиот економски форум.
Де Вевер објави дека тој и белгискиот крал Филип утре ќе разговараат со Трамп и ќе се залагаат за враќање на воениот сојуз меѓу Брисел и Вашингтон.
Или ќе бидеме заедно или ќе бидеме поделени. Ако сме поделени, тоа ќе биде крај на 80-годишна ера, рече Де Вевер, додавајќи дека од Трамп зависи дали трансатлантскиот сојуз ќе се одржи.
На Трамп е да одлучи дали сака да биде чудовиште – да или не, рече Де Вевер, пренесува АП.












