Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, силно ја бранеше Атлантската алијанса, тврдејќи дека НАТО ќе ја „срамни Москва со земја“ доколку Русија го нападне Брисел.
Во интервју за „Де Морген“, Франкен зборуваше за војната во Украина, европската одбрана, хибридното војување и нуклеарното одвраќање.
На прашање дали се плаши дека рускиот претседател Путин би можел да изврши напад врз Брисел, рече дека одговорот би бил недвосмислен.
„Не би се плашел, затоа што во тој момент би го погодил срцето на НАТО, а потоа би ја срамниле Москва со земја“, рече Франкен.
Франкен изрази силна поддршка за американското лидерство во рамките на НАТО и ја повтори својата доверба во Член 5, клаузулата за заемна одбрана што е основа на Алијансата, пренесе Танјуг.












