Белгиската полиција денес ја евакуираше зградата на Европската комисија во Брисел и ја затвори главната улица во Европскиот кварт, откако во областа беше откриен сомнителен пакет.
Сообраќајот беше запрен на прометната улица Ру де ла Лои, главна сообраќајница што поминува низ Европскиот кварт на градот во близина на седиштето на Европската комисија, зградата Берлејмон, наведе порталот „Политико“.
„Интервенција на полицијата. Сомнителен предмет пред „Лои 65“. Држете се подалеку од прозорците. Избегнувајте ја областа“, се вели во пораката што Европската комисија, како што наведува „Политико“, ја испратила до вработените.
Улицата беше блокирана од полиција и противпожарни возила, а беше евакуирана и блиската деловна зграда на „Коперник“.