БЕЛГИЈА РЕЧЕ НЕ: Одби да ги користи замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

0

Белгија денеска го отфрли планот за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на економијата на Украина и воените напори во следните две години.
Владата во Брисел изјави дека шемата носи значителни финансиски и правни ризици, објави АП.

Буџетските и воените потреби на Украина за 2026 и 2027 година се проценуваат на околу 130 милијарди евра, а Европската унија вети дека ќе обезбеди значителен дел од тие средства.

ЕУ веќе инвестираше околу 170 милијарди евра во Украина од почетокот на војната во 2022 година, а сега најголемиот достапен прилив на пари за тие потреби би можел да дојде од користење на замрзнатите руски средства.

Поголемиот дел од тие пари се во Белгија и изнесуваат околу 194 милијарди евра заклучно со јуни.

Следниот најголем износ на руски пари е надвор од Европската Унија, во Јапонија (околу 45 милијарди евра), потоа во САД, Велика Британија и Канада, каде што износот на овие средства е многу помал, наведува АП.

ИЗДВОЕНИ