Белата куќа: Tрамп имаше позитивен разговор со Путин

28
EPA-EFE/WILL OLIVER

Американскиот претседател Доналд Трамп имал позитивен разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со Украина, објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на социјалната мрежа X.

Претходно, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин и Трамп денес разговарале по телефон, при што Путин го информирал Трамп за украинскиот напад со беспилотни летала врз неговата резиденција во регионот Новгород.

Според него, Трамп бил „шокиран кога слушнал за нападот“.

ИЗДВОЕНИ