Официјалниот профил на Белата куќа на платформата X објави илустрација со која се промовира американската контрола врз Гренланд, истакнувајќи го изборот со кој се соочува арктичкиот остров.
Илустрацијата прикажува две санки со кучиња со знамето на Гренланд на раскрсница, при што едната патека води до Белата куќа и американското знаме, а другата патека со темно небо и молњи води кон Кина и Русија.
Илустрацијата, со натпис „Која страна ќе ја избереш, Гренландецу?“, беше објавена кратко откако министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелд, се сретнаа во Вашингтон со потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и државниот секретар на САД Марко Рубио за да изразат противење на тврдењата на Трамп дека САД ќе ја преземат територијата.
Which way, Greenland man? https://t.co/G0NnJdZRJK pic.twitter.com/TLmOwst6M6
— The White House (@WhiteHouse) January 14, 2026












