
Белата куќа објави дека претседателот на САД Доналд Трамп ќе донесе одлука за можен напад на Иран во следните две недели.
Зборувајќи денеска пред новинарите, портпаролката на Белата куќа Каролин Левит се повика на пораката на самиот Трамп во која се наведува:
„Врз основа на фактите дека постои значителна можност за преговори кои би можеле, а и не мораат, да се случат со Иран во блиска иднина, ќе ја донесам својата одлука дали ќе одам или не во текот на претстојните две недели“.
Левит додаде дека „коресподенцијата со Иран продолжува“.